Миро, те молам прости – Директорот на Хрватскиот народен театар по смрт побара прошка од актерката Фурлан – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/21 10:35 PM

Миро, те молам прости – Директорот на Хрватскиот народен театар по смрт побара прошка од актерката Фурлан

Покрај благодарноста за нејзините достигнувања, Мира Фурлан доби и молба за прошка – преку објавата на Фејсбук на режисерот и управител на хватската Драма, Ивица Буљан. Тој на својот ФБ-профил, меѓу другото, изјави дека Мира Фурлан е уметник „која со своите бескомпромисни ставови стана морален пример за генерации“ и дека смртта на актерката, како и многумина што ја сакаа, влијаела и врз него.

– Доцна е да им се извинам на мртвите. Имавме многу можности во животот да го сториме тоа, а не го направивме. Смртта на Мира Фурлан ме погоди како многу луѓе што ја сакаа. Мира беше незамисливо добра актерка, писателка и хуманист – потенцираше Буљан. Тој се осврна и на некрологот објавен на веб-страницата на ХНК, кој многумина го протолкуваа и коментираа како обид на оваа куќа да ја фалсификува својата историја.

– Многумина ја коментираа објавата: Хрватскиот народен театар се обиде да заборави како ја избрка Мира Фурлан. Како режисер на драмата на ХНК, се чувствувам засрамен од настаните што ја принудија Мира Фурлан да ги напушти театарот и Загреб. Миро, јас те молам прости. Прости им на гавраните кои имаа можност и место да го кажат тоа, но не го кажаа. И денес гракаат и не обвинуваат нас за нивната нечиста совест. Тие се натпреваруваат, како на финалето од драмата на Крлежа, да привлечат внимание и да уживаат во рефлекторите што го осветлуваат твојот одар. Напиша пред да умреш: „Гледам во ѕевездите. Ноќта е чиста, Млечниот пат изгледа толку близу. И јас ќе бидам таму наскоро. Сите сме .ѕвездена прашина. Ова не се лоши изгледи. Јас воопшто не се плашам. ”Тоа е како да го читам Боуви. Нека вашата ѕвездена прашина не расветли во оваа тажна балканска кафана – рече Ивица Буљан.

Извор: danas.rs