Делчевските планинари од планинарскиот спортски клуб „Голак” реализираа планинарски марш долг 9 километри – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/21 6:59 PM

Делчевските планинари од планинарскиот спортски клуб „Голак” реализираа планинарски марш долг 9 километри

Делчевските планинари од планинарскиот спортски клуб „Голак” реализираа планинарски марш до месноста Свети води. Маршот бил долг 9 километри, а целта била промоција на помалку познати места во делчевскиот регион
Шестчлена екипа на планинарскиот спортски клуб „Голак” од Делчево реализираше планинарски марш до месноста Свети води кај селото Тработивиште. Маршот како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски се реализираше со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.
-Движењето за време на маршот се реализираше со почитување на потребното растојание помеѓу планинарите. Маршрутата беше долга 9 километри со тоа што направивме една планинарска маршрута за посета на Светите води кои се наоѓаат меѓу селата Тработивиште и Разловци на планината Средна. Временските услови не послужија и сите планинари успешно ја реализиравме оваа планинарска маршрута, рече Чучуковски.
Маршрутата како што додаде е џзаначајна за планинарите бидејки е дел од годишниот календар на друштвото за посета на локалитети кои малку и се познати на пошироката јавност.
-Оваа месност е помалку позната на пошироката јавност, поради што нашата цел е да направиме нејзино промовирање.  Според верувањата водата кај локалитетот Свети води е лековита. Светите води се посветени на светителите „Св.Недела”, „Св.Петка” и „Св.Богородица” и има уште една света вода над нив посветена на „Св.Димитриј”, за кои според кажувањата се верува дека имаат исцелителна моќ и дека лекуваат од разни растројства, депресии и болки во очите. Исто така според кажувањата на стручни лица локалитетот е значаен, бидејки овде се смета дека се наоѓа и испосничката ќелија каде своевремено браќата Кирил и Методиј ја напишале глаголицата, додава Чучуковски.
Од ПСК „Голак” Делчево придржувајки се на мерките за заштита од Ковид-19 и во наредниот период најавија организирање на маршеви на територијата на Општина Делчево, се со цел промоција и презентација на убавините на петте планини во Општина Делчево.

Валери Спасевски