Неколку туристички агенции од Северна Македонија, веднаш по укинувањето на епидемиолошката контрола и задолжителните тестови за ПЦР, веднаш започнаа да организираат еднодневни патувања во најблиската соседна општина во Србија.
Врање, кој е оддалечен околу шеесет километри од Куманово и помалку од стотина од Скопје, во текот на вчерашниот ден до затворањето на кафулињата и рестораните во 20 часот, бил под вистинска „опсада“ на македонците, инфомира спрски danas.rs.
Туристички агенции нуделе автобуски превоз од Куманово до Врање и назад по цена од 350 денари, што е близу седум евра, или нешто повеќе од осумстотини динари.
Аражманот не нуди никаква организирана туристичка турнеја, но повеќето од приближно триста Македонци го искористиле патувањето во Врање за да ги посетат рестораните и кафулињата во Врање, а „епицентарот“ на патувањето била продавница во неодамна отворениот хипермаркет на компанијата „Лидл“, каде денови имаше неопислива толпа.
Луѓето беа забележливи во текот на денот на локалниот пазар и локалните бутици.
Денеска премиерот на Србија, Александар Вучиќ при гостување во една српска телевизија истакна дека во оваа соседна земја веќе е откриен и новиот британски сој на корона вирус, постои ли потенцијална опасност истиот да биде донесен и во нашата земја за кој досега македонските здравствени власти информираа дека не е присутен.
Фотографија: Info Vranjske