Јас не гледам ниту промил причини за одложување и неспроведување на пописот, насекаде па и кај нас, кај нас па уште повеќе затоа што сме немале попис во последните 10 години, рече премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање.
“Мене ми е драго што претседателот на државата со експерти уште еднаш ќе потврди, и веќе следнава недела ќе имаме резултати. Јас сум информиран дека пописот е по ЕУРОСТАТ, верувам на сите ни е јасно колку е значајна оваа статистичка операција и колку ни е голема должност на сите нас граѓаните успешно да се вградиме во неговото успешно спроведување. Мене ми е драго што кај опозицијата не го гледам зборот „бојкот“, туку „непризнавање на резултатите“, зашто да терате некој на бојкот е да ги терате граѓаните да го кршат законот. Кој ќе им ги плати казните на граѓаните што ги ставил во такви околности. Ако било кој македонски политичар даде инструкции да седат граѓаните дома, тогаш тие македонски граѓани ќе бидат помалку попишани. Албански политичар може истото да го направи, и тогаш Албанци ќе бидат попишани помалку. Истото е и со Бошњаци, Турци, Срби, Власи, Роми“, рече Заев.
Г.Д


