Трампови спиеле во одделни соби во Белата куќа, се шпекулира колку пари би добила Меланија доколу се разведе – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/21 2:57 PM

Трампови спиеле во одделни соби во Белата куќа, се шпекулира колку пари би добила Меланија доколу се разведе

Шпекулациите дека поранешната прва дама би можела да поднесе барање за развод, повторно се појавија во јавноста откако тие ја напуштија Белата куќа.

Доналд и Меланија Трамп одбележаа 16 години брак среде шпекулациите дека поранешната прва дама на САД може да поднесе барање за развод. Двојката имала бројни чудни и бизарни моменти за време на нивниот престој во Белата куќа, некои сугерирале дека имаат „трансакциски“ брак и дека спиеле во посебни простории.

Поранешниот соработник на Белата куќа тврди дека сега веќе поранешна прва дама ја броела секоја минута до крајот на претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг, за да може да го напушти, пренесува „Мирор“. Адвокат од Њујорк за „Мирор“ изјавил дека Меланија може да добие до 50 милиони долари и старателство над нивниот син Барон (14) доколку се разведе од Трамп.

Богатството на Доналд Трамп падна на 2,5 милијарди долари во 2020 година од 3,1 милијарди во 2019 година, пренесува Форбс.

Обложувалниците сега прифаќаат обложувања кога Меланија ќе поднесе барање за развод откако Трамп го напушти Вашингтон и замина на Флорида на денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Извори за Си-Ен-Ен минатата недела изјавија дека Меланија спиела во голем стан, претежно резервиран за претседателите и нивните жени.

„Доналд Трамп спиеше во својата спална соба, што беше работна соба за време на претходните администрации“ – додаде изворот.

Стефани Винстон Волкоф, поранешна пријателка и советничка на Меланија Трамп, тврди дека парот спие во посебни простории и има „трансакциски“ брак.

Еден семеен пријател за „Вашингтон пост 2018“ изјави дека Трамп исто така има одделни дневни рутини.

Доналд (74) ќе станеше од кревет околу 5.30 часот, ќе гледаше кабелски програми и твиташе.

Меланија ќе се разбудеше малку подоцна во нејзината спална соба и ќе го подготвеше Барон за на училиште.

Неколку недели пред крајот на неговиот мандат, извор на Си-Ен-Ен Меланија ја опишал како личност која сака да „се одјави“ и да замине од Белата Куќа.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/