Синоќа во 21.50 часот при контрола во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба констатирано е дека локалот работи по дозволеното време и во него се затекнати шест лица кои се лишени од слобода.
Од МВР денеска соопштија дека објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат, а ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.