Викендов по 75 години во Холандија беше воведен полициски час за прв пат со цел да се запре ширењето на корона вирусот во третиот бран.
Според одлуката на владата, воведено е ограничување на движењето за граѓаните, од сабота во 21 часот до недела во 4:30 часот наутро.
Улиците на холандските градови беа целосно напуштени синоќа, за прв пат по Втората светска војна, и таа мерка ќе биде на сила секој викенд до 9 февруари.
Секој што е фатен на улица во тоа време, ќе мора да плати казна од 95 евра. Само вработените во клучните активности имаат дозвола да се движат за време на полицискиот час.
Во Холандија, регистрирани се 5.414 нови инфекции од последните 24 часа, а 88 пациенти починале. Вкупно 955.042 лица се заразени, а 13.510 починаа од почетокот на пандемијата на корона вирусот.
Преземени од: https://www.blic.rs/
Фотографија: FOTO: MARCO DE SWART / EPA;


