Општина Валандово стартуваше со најавената летна акција за асфалтирање на градските улици и краци кои на жителите треба да им ги подобрат сообраќајните услови во градот.
Општинските надлежни служби соопштија дека моментно се работи на асфалтирање на девет краци од пет улици во градот во должина од околу 800 метри и дека покрај ова, акцијата предвидува и санирање на најоштетените делови на улиците во Валандово.
Акцијата се очекува да заврши најдоцна до крајот на идниот месец, а за нејзина реализација општината ќе потроши околу 2,5 милиони денари, добиени по претходно реализирана јавна набавка преку електронкиот систем на општина Валандово.
Извор:МИА