Верно куче шест го чекаше својот сопственик пред болница на североистокот на Турција, се’ додека пациентот не беше отпуштен, со што уште еднаш се потврдува дека кучето е најдобар човеков пријател, јави СНН, пренесува „Вечерњи.хр“.
Кога Кемал Шентурк на 14 јануари бил однесен во болница во градот Трабзон, неговата кучка Бончук тргнала од станот по возилото и пред болницата трпеливо го чекала.
Персоналот на болницата го известил семејството на пациентот за неговата кучешка пријателка, па Бончук првиот ден била вратена во станот. Но, веднаш избегала и повторно „стражарела“ пред болницата, раскажува нејзиниот директор Мурат Еркан.
Бончук ги стекнала симпатиите на вработените во болницата, кои ја хранеле и се грижеле за неа, а Кемал Шентурк секој ден по неколку пати и’ се јавувал од прозорецот на болничката соба за Бончук да биде спокојна. На крајот, заедно си заминале дома.
Кемал и Бончук биле зедно девет години.


