Обезбедена помош за семејствата што беа сместени во некогашното забавиште во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/21 3:49 PM

Обезбедена помош за семејствата што беа сместени во некогашното забавиште во Штип

Станарите кои живеат во старата куќа, а на штипјани позната како „Старо забавиште”, која вчера изгоре во пожар добија хуманитарна помош од Општинската организација на Црвениот крст во Штип. Викторија Милановска, секретарка на ОО Црвениот крст, вели дека до секое семејство е дистрибуирана помош, која се состои од пакет со храна, основни хигиенски производи, постелнина, топла облека и обувки.

-За тридетното семејство со членови помали од три години беа обезбедени и бебешки пакети. Остануваме во постојана комуникација со институциите на системот Центарот за социјални работи и Општина Штип, за да делуваме согласно потребите и можностите, вели Милановска.

Дел од штипски семејства кои биле вселени во оваа куќа веќе се згрижени кај свои роднини и пријатели, а мал дел останале во објектот. Од Општина Штип велат дека за оние семејства кои биле легално вселени решението за нивното сместување е со изградбата на типските куќи со европски пари во населбата Света Недела. По завршување на сите постапки, се очекува Општината  наскоро да го реализира проектот, со кој се предвидуваат изградба на сто, а на самиот почеток ќе бидат реализирани 47 типски куќи. (МИА)