Астон Вила го договори Морган Сансон – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/21 1:19 PM

Астон Вила го договори Морган Сансон

Морган Сансон од Олимпик Марсеј зимава се сели во Премиер Лигата. Французинот од средината на теренот за 14 милиони фунти ќе потпише со овосезонското освежување Астон Вила и веќе од следното коло ќе може да ги почувствува англиските тревници.

Дваесет и шестгодишниот Сансон во 2017 година Монпеље го замени со Марсеј и оствари 120 настапи за клуобот од Азурниот брег.

Позајмицата на Рос Баркли од Челзи и неизвесниот статус за неговата иднина на „Вила Парк“, како и заминувањето на Конор Хурихејн во Свонси, отвори простор во ростерот на Дин Смит за нова аквизиција на тој дел од теренот.

Покрај Конор Хурихејн, екипата од Бирмингем ја напуштија и Ловре Калиниќ и Тајрик Рајт.

 

 

Фото:

arsenalcore.com