Црна Гора ги очекува првите вакцини против корона следниот месец: Вакцинирањето ќе почне од старечките домови – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 10:39 PM

Црна Гора ги очекува првите вакцини против корона следниот месец: Вакцинирањето ќе почне од старечките домови

Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ повтори дека првите вакцини би можеле да стигнат во Црна Гора на почетокот на февруари додавјќи дека кинеските вакцини што ги обезбедил бизнисеност Петрос Статис бараат многу голема внимателност и дополнително испитување.

Владата договори или е во финална фаза на договарање за набавка на 250 илјади дози од вакцината против коронавирусот за првиот квартал оваа година, а се очекува првите да пристигнат на почетокот на следниот месец – појасни министерката.

Граѓаните ќе имаат можност да бираат меѓу вакцината на Фајзер/Бионтек, кинеската Синофарм и руската Спутник вакцина.

Намерата на владата е имунизацијата да почне со вакцините со европски сертификат. Токму затоа според министерката, се прави се за вакцината на Фајзер да стигне што побргу во земјата.

Прво ќе бидат вакцинирани штитениците во старечките домови и лицата што работат со нив.

Инаку, договорот за руската вакцина веќе е потпишан и со него ќе се набават педесет илјади вакцини. Кога станува збор за кинеската вакцина, завршен е преддоговорот, а потпишувањето се очекува наскоро, но според планираното би требало да се набават 50 илјади дози, од кои голем процент ќе бидат донација.

Во меѓувреме од кабинетот на претседателот на Црна Гора соопштија дека бизнисменот Петрос Статис ќе донира 10 илјади вакцини.

 

Извор:  beta.rs