На шеесет и петгодишна возраст како последица на компликации од коронавирусот, почина актерот Љупчо Тодоровски-Упа.
Тој дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1983 година. По Академијата заминал за Белград, каде 10 години играл во повеќе филмови и театарски претстави.
На јавноста и’ беше познат по улогите во филмовите „Ругање со Христос“, „Џган“, „Јазол“, „Одмазда“, „Пред дождот“, „Налепница“.