Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден висок пораз на Светското првенство во Египет, овој пат од Русија со 32-20 (19-9).
Уште на почетокот на натпреварот, нашите ракометари тргнаа лошо и во нападот и во одбраната. Русите поведоа со 6-1, во 14’ имаа 8-2, во 25’ 16-7, а полувремето го добија со десет гола разлика – 19-9.
Разликата од десетина гола Русите долго ја одrжуваа и во второто полувреме. Ги штедеа силите за следниот меч, а и нашата репрезентација вториот дел го oдигра без Лазаров и Стоилов.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Кузмановски со шест гола, Серафимов даде четири…