Мицкоски: Секој граѓанин има право на избор, дали ќе апстинира или ќе им отвори врата на попишувачите – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 4:23 PM

Мицкоски: Секој граѓанин има право на избор, дали ќе апстинира или ќе им отвори врата на попишувачите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ чека законот за попис да излезе во Службен весник да почнат со собирање потписи од граѓаните со кои ќе побараат во Парламентот да се укине донесениот Закон за попис.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска во интервју за ТВ Алфа рече дека најпрвин пратеничката група ќе ги депонира своите потписи, но ги повика и сите оние кои сметаат дека оваа операција е политичка, а не статистичка да се потпишат на иницијативата.

-Ги повикуваме и другите политички субјекти кои што се дел од Парламентот, а кои ценат дека ова не е статистичка туку политичка операција да застанат позади таа иницијатива, нема  да ја депонираме до претседателот на Собрание, туку преку подрачните единици на Министерството за правда ќе отпочнеме операција на собирање потписи на граѓани со коишто очекуваме масовна поддршка и со коишто очекуваме да биде засилена оваа иницијатива на пратениците, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата коментирајќи ја изјавата на директорот на Заводот за статистика дека со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не е возможна реализацијата бидејќи немало да има ист третаман за сите граѓани кои се уште не го депонирале својот потпис во МВР, рече дека затоа пак има извод од матичната книга на родените кој што ќе можат да го приложат кога ќе дојдат попишувачите и на тој начин ќе се зголеми довербата.

Мицкоски нагласи дека опозицијата се спротиставила и на двојниот потпис со кој, според него, оваа операција е се само не статистичка.

-Практично процентите веќе некој ги знае, а овој двоен потпис само за секој случај да бидеме сигурни дека тоа што сме го договорили сме подале рака како коалицони партнери дека така ќе биде, а до колку некој измрда од овој договор тогаш тука е двојниот попис и нема тоа да го признаеме, кометира Мицкоски за наводен договр меѓу СДСМ и ДУИ.

Според него, секој граѓанин има право на избор, и тие кои ќе одлучат да апстинираат, и тие кои ќе одлучат нормално да го отворат својот дом и да ги поканат внатре попишувачите кои ќе дојдат пред нивната врата. -Тоа е избор на граѓаните, додаде Мицкоски.

MИА