Царовска: Од следната година се планира да стартува нов, современ модел на државна матура – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 3:36 PM

Царовска: Од следната година се планира да стартува нов, современ модел на државна матура

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска повтори дека годинава останува постоечката концепција за државна матура и оти нема да има намалување на предметите за полагање како што бараат дел од средношколците. Од следната година се планира да стартува нов, современ модел на државна матура за што е договорено да се формира работна група во која ќе учествуваат и претставници на средношколците.

Во изјавата, по настан во Гостивар министерката Царовска нагласи дека концепцијата за матура е донесена на почетокот на годината и оти исклучувањето на одредени предмети би ја нарушила целата концепција.

– Досега, 15.000 ученици се пријавиле за полагање матура што, укажува дека најголем дел се подготвуваат за матура. Матурата, е законска обврска и важна е за запишување на средношколците не само на домашните факултети, туку и на европските и светските високообразовни институции. Минатата година бевме негативен пример и нашата земја остана како изолирана затоа што не овозможи полагање на матура. Многу наши ученици извисија од можноста да се запишат на одредени светски и европски универзитети. Токму затоа сакаме секое дете да има можност да ги оствари своите цели, рече Царовска.

(З.Г.М.)