Четворицата партиски лидери, Заев, Мицкоски, Ахмети и Касами пристигнаа на новата лидерска средба во Клубот на пратеници. Оваа средба следи по вчерашната која Мицкоски ја напушти бидејќи не беше задоволен од форматот.
Во Клубот на пратеници пристигна и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Заев дојде во придружба на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, а Мицкоски е придруживан од професорката Каракамишева. Кратко по неговото пристигнување, дојдоа и портпаролите на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски и Димче Арсовски.
Лидерот на тетовското крило на БЕСА, Касами пристигна со Арианид Хоџа и Кастриот Реџепи.
Вања Мицевска