Веројатно најдобриот поединец на шпански Еибар, српскиот голман Марко Дмитровиќ, се запиша во листата на стрелците против Атлетико Мадрид. Еибар во 11-тата минута доби пенал, а на изненадување на сите, дури и на колегата што ги брани боите на мадриѓани, српскиот репрезентативец застана на точката од 11 метри.
Дмитровиќ одлично шутираше и го совлада сезонава недопирливиот Јан Облак. Соиграчите со насмевка го проследија и прославија погодокот, кој за жал не беше доволен за Еибар. Со головите на Луис Суарез, „јорганџиите“ направија пресврт и се зацементираа на првата позиција на табелата во Примера.
Тимот на Чоло Симеоне со 44 бодови го држи првото место, шест повеќе од главниот конкурент Реал Мадрид, но и еден натпревар помалку.
Фото:
football-espana.net