Зинедин Зидан е позитивен на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 1:33 PM

Зинедин Зидан е позитивен на Ковид-19

Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, позитивен е на Ковид-19 по последните тестирања во клубот, соопштија официјално од Реал Мадрид.

Зидан на следните неколку натпревари во Примера нема да ги предводи мадриѓаните од клупата и ќе се повлече во самоизолација.

На гостувањето во Алавес во рамките на 20-тото коло, на кормилото на Реал Мадрид ќе стои помошникот на францускиот стратег, Давид Бетони.