Пејачката Елена Петреска го прележа корона вирусот и своето искуство реши да го сподели во видео на социјалните мрежи. Таа на крајот испрати порака до сите, да се чуваат, за да ги заштедиме здравствените работници, бидејки, како што вели, тие се нашите херои.
-За она низ што поминав ми требаше време да се стабилизирам и психички и физички. Моето искуство е едно будење на свеста, кое навистина е стресно, бидејки и самиот факт кога знаеш дека ти се случува во време на пандемија. Психичкиот дел не се поминува лесно. На почетокот почнав малку да поткашлувам и мислев дека ми е од пеењето, имавме секој ден проби во Филхармонија. Земав сируп и ми прекина кашлицата. Ми остана благо течење на носот, но не го земав како симптом. По неколку дена почнаа да се пријавуваат сите кои се позитивни и тогаш направив тест, кој беше позитивен. Бидејки немав симптоми матичната ме стави во изолација, ме водеше како асимптоматска. Направив крва слика на која имав покажено ЦРП, железото намалено, ковидот ми го имаше нападнато имуниот систем. Потоа почнав многу да кашлам и кога ги снимав градите се виде дека сум закачила пневмонија. Кашлав толку многу што не можев во тоалет да отидам. Температура висока немав, но бев истоштена од кашлањето.
Moeto iskustvo so Kovid… Se nadevam ke bide od korist nekomu. Uste ednas da im se zablagodaram na site medicinski rabotnici na celo so ministerot Венко Филипче
Posted by Elena Petreska on Thursday, January 21, 2021
По совет на докторката, останав на Инфективна, имунитетот ми беше паднат и беше било подобро да бидам под лекарски надзор. Лежев две неделни. Поминав низ тоа благодарение на лекарите, кои за сите нас таму се грижеа супер. Она што го видов таму е навистина стресно, затоа морам да се заблагодарам на лекарите, кои се грижеа за сите нас. Не сакам да бидам негативна, но тоа што го видов е навистина една агонија, луге кои се борат за живот. Мене ќе ми треба време да се опоравам и да ги заборавам сликите кои ги видов таму. Навистина треба да се пазиме ние за да ги заштитиме лугето, лекарите кои се борат за нашиот живот, вели Елена и додава:
-Во овој период додека сум дома, додека се опоравувам размислував за животот, за она то се случува, морам да кажам дека сум најсрекна што сум дома, покрај дечињата. Саваќам колку е најбитна фамилијата и колку сме среќни кога сме здрави и живи. Не е важно материјалното, кога си во болница, во моментот не размислувате на пари, како женско, не размислувате на гардероба што сакам да ја купам, на козметика, само размислуваш кога ќе си заминеш дома и ќе си ги гушнеш најмилите. Цело време работам на себе, растењето продолжува и се развива и сваќате дека духовноста е многу важна за лугето.