Во гостиварско лани регистирирани помалку шест илјади сообраќајни прекошоци – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 11:06 AM

Во гостиварско лани регистирирани помалку шест илјади сообраќајни прекошоци

Бројот на сообраќани прекршоци по гостиварските сообраќаници минатат година бил за три пати помал, во споредба со 2019 година. Полицијата во 2020 година санкционирала над три илјади возачи.

Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници од Oдделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар во текот на минатата 2020 година, на поширокото гостиварско подрачје вкупно откриле и законски санкционирале 3522 различни видови сообраќајни прекршоци. Тоа е близу 6000 помалку во споредба со претходната година (2019 годна) кога биле евидентирани 9.318 прекршоци.

 – Постапувајќи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а поради констатирани недостатоци, односно прекршоци од сообраќај биле исклучени 706 возила. Најмногу од исклучените возила (405) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 286 била утврдена техничка неисправност, претежно на сопирачките, кај 12 необезбеден товар, а на 3 претовар, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тој посочува дека лани, од сообраќај биле исклучени и 663 возачи, од кои 485 кои управувале без возачка дозвола, 16 со несоодветна категорија, 8 со важечка забрана, 78 возачи-почетници. Меѓу санкионираните имало и 52 лица кои управувале под дејство на алкохол, а 24 не користеле заштитна кацига.

Лани, времено биле одземени 133 возачки дозволи, а на организирани сообраќајни поуки биле повикани 39 лица кои направиле прекршок како учесници во сообраќајот.

Сите откриените сообраќајни прекршоци санкционирани се со соодветни поднесоци.

 

 

з. г. м.