Oлимпијадата во Токио пред откажување поради коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 10:13 AM

Oлимпијадата во Токио пред откажување поради коронавирусот

Олимписките игри кои требаа да се одржат минатото лето во Јапонија, а беа одложени поради пандемијата на коронавируот, ќе ја доживеат истата судбина и во 2021 година, јавува британски „Тајмс“.

Најголемата спортска претстава и оваа година нема да го задоволи навивачкото око на спортските љубители, откако властите во Јапонија приватно заклучиле дека Олимписките игри во Токио мора да бидат откажани со оглед на пандемиските околности, а фокусот ќе биде насочен кон потенцијална организација на Олимпијадата во следниот слободен циклус односно 2032 година.

Според „Тајмс“, целта на тамошните власти е овој чин да се претстави како неизбежен со цел да се оправдаат огромните суми (повеќе од 25 милијарди долари) за организацијата на ОИ. Финансирањето на Олимпијадта во Токио во најголема мера било овозможено од јавни пари.

Ваквиот развој на настаните ќе значи дека првите Олимписки игри после оние во Бразил во 2016 година ќе се одржат во Париз, 2024 година.