Реакторот на нуклеарната централа „Козлодуј” во Бугарија деактивиран поради безбедносен проблем – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 9:34 AM

Реакторот на нуклеарната централа „Козлодуј” во Бугарија деактивиран поради безбедносен проблем

Поради безбедносен проблем, привремено е деактивиран петтиот реактор од 1.000 мегавати на нуклеарната централа „Козлодуј” кој се наоѓа на брегот на реката Дунав во северниот дел на Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Пратеникот во бугарскиот парламент, Рамадан Аталај, кој е член на парламентарната комисија за енергетика, во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) истакна дека автоматскиот систем за безбедност на централата бил активиран во 01:17 часот по локално време, и дека е затворен реакторот.

Аталај рече дека разгледани се сите системи и дека не се случил некој проблем.

Тој додаде дека извршени се сите потребни технички контроли и дека реакторот повторно ќе се активира.