Почина легендарната југословенска актерка, Мира Фурлан – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 8:21 AM

Почина легендарната југословенска актерка, Мира Фурлан

Легендарната југословенска актерка која по распадот на земјата својата професионалан кариера ја градеше во САД, Мира Фурлан, почина на 65-годишна возраст, пренесува „Variety“.

Тажната вест била споделена на нејзиниот официјален „Твитер“ профил, а подоцна и режисерот на серијата во која Фурлан се прослави во улогата на Делен, „Babylon 5“, ја потврди информацијата.

-Ноќ на голема тага. Нашиот другар и сопатнник на пат кој веќе не можеме да стигнеме до него. Но како и со останатото, еден ден ќе стигнеме и верувам дека ќе има многу приказна за нас тогаш и дека уште многу важни улоги ќе споделиме со универзумот, напиша Мајкл Стражински.

Во 2004 година Мира Фурлан дебитира во една од најдобрите и најпопуларните серии во тој момент, „Lost“. Преку улогата на Даниел Русо им беше дадена прилика на помладите генерации да се запознаат со нејзината брилијантност и актерска надареност.

Родена е на 7.септември 1955 година во Загреб. Ролјата во филмот на Кустурица што освои „Златна палма“ во Кан, „Отац на службеном путу“, го дефинираше почетокот на нејзината врвна кариера. Кон крајот на 1991. година, Мира Фурлан и нејзиниот сопруг емигрираат од СФРЈ со цел да ги избегнат политичките притисоци и етнички тензии во кои се наоѓала државата.

 

 

 

 

Фото:

mirafurlan.net