Променете го речникот за да си го промените животот: Зборови кои прават чуда – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 11:56 PM

Променете го речникот за да си го промените животот: Зборови кои прават чуда

Самите мисли не се доволни доколку зборовите што ги изговараме не соодветствуваат на нашата ментална состојба. Променете го речникот за да си го промените животот! Зборовите што ги изговарате може да ви помогнат повторно да се изградите како личност или пак да ве скршат, затоа бидете внимателни.

Изреката „променете ги своите мисли, променете го својот живот“ е темел на трансформацијата. Користете зборови кои ќе ве приближат кон успехот и кои нема да направат да излезете од колосек.

Ова се најважните зборови кои може да направат чудо во вашиот живот:

Можам

Во моментот кога велите „не можам“ вие всушност се предавате и се откажувате од тоа да ја имате контролата над ситуацијата. Значи, следен пат кога ќе бидете во ситуација во која имате намера да кажете дека нешто не можете да направите, едноставно запрете за момент и сетете се дека вие ја имате контролата.

Ќе направам

Кога го користиме зборот „обид“ или си велиме дека ќе се обидеме, всушност испраќаме вибрации на несигурност, но кога си велиме „ќе го направам тоа“, праќаме вибрации на инспирација. Значи, следен пат кога некој пријател ќе ве праша дали на пример, утре може да одите на вежбање, кажете му дека ќе дадете се од себе за да бидете на договореното место во договореното време.

Предизвик

Доколку не решавате математички задачи, исфрлете го зборот „проблем“ од својот речник. Токму затоа наместо зборот „проблем“ треба да го користите зборот „предизвик“. Со ова ќе се поттикнете себеси на покреативно размислување, нема да имате чувство на негативност и полесно ќе најдете решение за ситуацијата во која се наоѓате.

Сакам

Луѓето понекогаш заспиваат со помислата дека треба да направат нешто, но на овој начин се дискредитираат. Престанете да го правите тоа и употребете некои зборовите кои ќе ви дадат поголема контрола, како на пример зборот „сакам“.

„И“ наместо „но“

Секогаш кога ќе кажеме нешто и потоа следи зборот „но“ ние всушност го негираме она што сме го кажале. Наместо тоа употребете го зборот „и“.

 

Извор:  pozitivanstav.com