Што може грицкањето на ноктите да открие за вас? – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 10:39 PM

Што може грицкањето на ноктите да открие за вас?

Грицкањето нокти е навика која вообичаено почнува во детството. Многу луѓе кои ја имале оваа навика како дете, се одвикнале кога пораснале. Сепак има и такви кои продолжуваат со навиката и тешко им е да се ослободат од неа дури и како возрасни.

Секако, грицкањето на ноктите е лоша навика, но таа исто така може да открие и некои интересни факти за вас.

Можеби сте перфекционист

Повеќето луѓе што ги грицкаат ноктите се претерано детални – покажала една студија. Според неа, тие се перфекционисти, а тоа се потврдило врз основа на изјавите на анкетираните.

Попаметни се отколку што мислите

Луѓето што ги грицкаат ноктите всушност се насочени кон остварување на своите цели. Многу луѓе имаат тенденција да ги грицкаат ноктите токму во оние моменти кога треба да бидат многу концентрирани за да решат некаков проблем.

Можеби сте нетрпеливи

Здодевноста и фрустрацијата може да бидат причина за грицкањето нокти. Доколку тоа е ваша навика, сепак треба да најдете начин да ви биде позабавно и да ја убиете здодевноста.

Можеби не сте задоволни со себе

Грицкањето нокти е навика што ја имаат и луѓето со преголеми очекувања. Кога не можат да ги постигнат своите цели, тие се чувствуваат разочарано и засрамено.

 

Извор:   index.hr