„Наспиј се добро“ често е полесно да се каже, отколку да се реализира. Многу луѓе се соочуваат со недостиг на сон, па се’ повеќе ги има оние на кои заспивањето им претставува проблем. Експертката за сон, Оливиа Арецоло има неколку едноставни совети, со чија примена би можеле да го продолжите спиењето барем за еден час.
Избегнувајте светлина
Ниту еден уред, па дури и мобилен телефон, не е добредојден во спалната соба. Таблетите, компјутерите, телевизорите и паметните телефони емитуваат светлина што го попречува спиењето.
Мирисајте лаванда
Лавандата ќе ве смири и опушти. Набавете есенцијално масло и само ставете неколку капки на вашата перница.
Избањајте се пред да заминете в кревет
Можеби мислите дека капењето или туширањето ќе ве разбудат, но водата всушност може да има релаксирачки ефект. Најдобро е тоа да го направите 40-60 минути пред спиење.
Пијте чај од камилица
Не се советува без причина да избегнувате кофеин пред спиење, но тоа не значи дека треба да заборавите на чајот. Камилицата има смирувачки својства кои ќе ве подготват за спиење.
Дишете длабоко
Колку повеќе сте под стрес, толку потешко ќе заспиете. Затоа е добро да дишете длабоко затоа што на тој начин ќе се опуштите.
Земете магнезиум
Магнезиумот помага во опуштање на мускулите и ве ослободува од напнатоста. Тоа е едноставен чекор што можете да го вметнете во вашата рутина.
Ослободете се од стресот
„Вежбајте“ благодарност. На крајот на секој ден кажете за што сте благодарни за да се ослободите од насобраниот стрес.
Медитирајте
Постојат многу апликации за медитација кои можат да ви помогнат, како и видеа на YouTube. Медитацијата ќе ви олесни да се исклучите и да заспиете.
Извор: index.hr