Замина тивко во сон: Почина Бранка Станковска – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 7:28 PM

Замина тивко во сон: Почина Бранка Станковска

На 90 години почина легендарната радио и тв спикерка и водителка, Бранка Станковска – објави попладнево нејзината прва внука Ирина Костовска.

-Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и се’ уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко – наведува таа во објавата.

Бранка Станковска 39 години беше дел од Македонската радио телевизија (1948-1987), од првата најава на телевизискиот пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година. Се пензионираше во 1987 година. Подоцна нејзиниот глас се слушаше на радио кога означуваше точно време.