Триесет и двегодишната пејачка, Ријана на сликовит начин покажа што мисли за заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа и доаѓањето на новиот претседател на САД, Џо Бајден. Таа на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира со две вреќи ѓубре.
Тука сум само да помогнам. Успеавме, Џо – напиша Ријана која на фотографијата носи маица со натпис „крај на расизмот“. За оваа објава таа доби скоро 4 милиони лајкови.

„Кралица на сите кралици“, „Луда си“, „Не објави ниту еден албум за време на мандатот на Трамп, сега е време“, „Ми се допаѓа оваа маица“ – се само дел од коментарите на корисниците на инстаграм.
Сепак, имаше и такви кои го осудија потегот, наведувајќи дека кога-тогаш Трамп ќе се врати.
Фото: Инстаграм / badgirlriri
Извор: telegraf.rs


