Никој не го испрати Трамп како Ријана: Со ќеси за ѓубре му испрати порака на Бајден – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 6:46 PM

Никој не го испрати Трамп како Ријана: Со ќеси за ѓубре му испрати порака на Бајден

Триесет и двегодишната пејачка, Ријана на сликовит начин покажа што мисли за заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа и доаѓањето на новиот претседател на САД, Џо Бајден. Таа на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира со две вреќи ѓубре.

Тука сум само да помогнам. Успеавме, Џо – напиша Ријана која на фотографијата носи маица со натпис „крај на расизмот“. За оваа објава таа доби скоро 4 милиони лајкови.

„Кралица на сите кралици“, „Луда си“, „Не објави ниту еден албум за време на мандатот на Трамп, сега е време“, „Ми се допаѓа оваа маица“ – се само дел од коментарите на корисниците на инстаграм.

Сепак, имаше и такви кои го осудија потегот, наведувајќи дека кога-тогаш Трамп ќе се врати.

 

 

Фото:  Инстаграм / badgirlriri

Извор:  telegraf.rs