Руски фонд: Голем интерес на земјите од ЕУ за Sputnik V, можно е и производство во Германија – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 6:15 PM

Руски фонд: Голем интерес на земјите од ЕУ за Sputnik V, можно е и производство во Германија

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев изјави дека земјите членки на ЕУ се интересираат за руската вакцина  Sputnik V против коронавирусот и дека веќе се разговара за нејзино производство со Германија.

„Имаме одличен дијалог со Германија во врска со потенцијално производство на вакцините во Германија. Постои голем интерес кај поединечни држави што се членки на Унијата, но ние секако ќе мора да ги следиме процедурите на Европската Европската агенција за лекови (ЕМА)“, изјави Дмитриjев пред новинарите во Москва.

Тој додаде дека Фондот ќе соработува со европската платформа КОВАКС, но дека приоритет ќе биде директната испорака на вакцините – пренесува Спутник.

Тој истакна дека тоа што Унгарија ја регистрирала руската вакцина покажува дека здравствените прашања се одвоени од политиката.

Многу е важно тоа што во Унгарија ја одвоија политиката од здравјето и животот на луѓето. Ние уште од првиот ден се бориме за тоа вакцината да биде надвор од политиката и одлуките за вакцините да се засноваат на безбедност, ефикасност и логика – изјави Дмитријев.

 

 

Фото:  PrtSc/Arirang News

Извор:  rtv.rs