Кинески научници тестираат инјекцијa што би требало да го „забави стареењето“. Новото средство би требало да го деактивира генот КАТ7, кој е клучен фактор во процесот на стареење на клетките.
Засега тестирањето е спроведено само на глувци, но научниците веруваат дека наодите до кои дошле еден ден ќе може да помогнат во развојот на слични третмани кај луѓето.
Иновативната терапија врз глувците никогаш порано не била применувана, а резултатите покажале дека нивниот живот е продолжен во просек за 25 отсто.
„Уште е далеку методот да се применува на испитување кај луѓето. Сепак, се надеваме дека во иднина ќе најдеме начин да го одложиме стареењето на луѓето макар и за определен процент“, вели Ку Јинг, професорка од Кинеската академија на науки.