Првите членски книшки, неговата прва и последна лична карта, членската во Сојузното собрание на СФРЈ, последната возачка дозвола, фини, филигрански изработени предмети од сребро -подарок од големите светски државници, меѓу кои со потпис од Жак Ширак и Фрањо Туџман, ракописи и мастилни пенкала со кои пишувал, се дел од поставката на денска отворената спомен соба на првиот македонски претседател Киро Глигоров во Штип. Овие предмети во поголем дел ги отстапи семејството на Глигоров, бидејќи како што рече неговата ќерка Донка, Штип отсекогаш бил нивен град
Објавено на: 07/19/18 8:08 AM