Трамп би можел да остане без претседателската пензија од 220.000 долари – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 4:35 PM

Трамп би можел да остане без претседателската пензија од 220.000 долари

Досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, стекна право на пензија од 221.400 долари на годишно ниво, како и дополнителни бенефиции, но би можел да остане без сето тоа доколку Сенатот на американскиот Конгрес го осуди во поведената постапка на отповикување.

Ова го изјави професорот на Универзитетот во Северна Каролина, Мишел Герхарт. СНН потсетува дека со американскиот закон не е загарантирана пензијата ако мандатот на претседателот заврши со отповикување. Меѓутоа, пресудата не може да разултура со смена на Трамп зашто неговиот мандат заврши пред почетокот на судењето.

Грерхарт истакнува дека, ако Сенатот го осуди Трамп, веројатно ќе биде потребно уште едно гласање за на поранешниот претседател да му се укине правото на пензија. Трамп во тој случај би бил отповикан како поранешен претседател, со што би ги загубил бенефициите што му следудуваат како поранешен лидер на државата.