Монголскиот премиер Хурелесух Ухнагијн поднесе оставка по вчерашните протести во главниот град Улан Батор поради владиниот пропуст во постапувањето со пандемијата на коронавирусот.
Протестите вчера избија како одговор на наводите дека Владата имала пропусти при преселбата на една пациентка со Ковид-19 и нејзиното новородено бебе, пренесуваат агенциите.
Монголија добро се справуваше со пандемијата во раните фази, а сега се бори со нов бран на епидемијата што ја предизвика еден заразен возач што во земјата влегол од Русија, пренесува „Ројтерс“.