Земјотрес од 7,1 степени ја погоди Индонезија, засега нема информации за жртви – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 4:20 PM

Земјотрес од 7,1 степени ја погоди Индонезија, засега нема информации за жртви

Земјотрес со јачина од 7,1 степен денеска е регистриран на отворени води кај архипелагот Талауд, во индонезиската област Северен Сулавеси. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 130 километри североисточно од местото Мелонгуане.

Потресот се случил на длабочина од 154 километри. По земјотресот не било издадено предупредување за цунами, а уште не се објавени информации дали има жртви или повредени.