Австрискиот канцелар Себастијан Курџ остро ги искритикува локалните политичари кои се вакцинирале против коронавирусот иако не припаѓале во приоритетните групи.
– За мене е потполно неприфатливо некој да се вакцинира преку ред. Одењето преку ред е од морална страна многу разочарувачки, рече австрискиот канцелар за „Кронен Цајтунг“.
Со ова Курц реагираше на веста дека десет нискорангирани политичари, генерално градоначалници, се вакцинирале преку ред, откако за време на вакцинацијата во домовите за нега на стари лица останале неискористени вакцини.
– Кога ќе останат неискористени вакцини важно е веднаш да се искористат, но за постарите лица, не за политичарите, нивните сопружници и локалните „селебрити“, рече Курц.
И потканцеларот Коглер ја критикуваше предвремената вакцинација на политичарите, кои според договорениот редослед, немале право да се вакцинираат.
Тој на сојузните покраини во чија надлежност се организира вакцинацијата им наложи да припазат како се одвива вакцинацијата, да биде за добробит на целото општество, а не само на поедници и најави остри реакции за непридржување до редоследот.
Скандалот изби откако докторка во градот Фелдкирх, во сојузната покраина Форарлберг, одбила да го вакцинира градоначалникот укажувајќи му дека тој по ниеден критериум не е на ред за вакцинација.
– Му реков дека не е на ред да се вакцинира и дека тоа може да го направи во последната фаза, кога же се вакцинираат политичарите, вели докторката за јавниот сервис „ОРФ“.
Во Австрија досега е вакцинирани 1,4 отсто од населението, што е помалку од планираното.
извор: vecernji.hr