Утре се навршуваат 20 години од нападот на полициската станица во Теарце, првиот инцидент пред конфликот во 2001 година – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 2:25 PM

Утре се навршуваат 20 години од нападот на полициската станица во Теарце, првиот инцидент пред конфликот во 2001 година

Утре се навршуваат дваесет години од првиот напад пред започнувањето на воениот конфликт во 2001 година. Беше нападната полициската станица во Теарце, при што еден припадник на МВР на лице место го загуби животот, а тројца беа повредени.

По тој повод, на местото на крвавиот инцидент ќе се положи свежо цвеќе, а ќе се одржи и пригоден говор за жртвите. Од Одборот на бранители, велат дека нападот на полициската станица претставува увертира на почетокот на воените дејствија во 2001 година, а воедно тука паднаа и првите две жртви

Од Теарце ќе започнат практично чествувањата по повод 20 години од почетокот на воените дејствија во 2001 година. Целта е да се потсетиме и да им оддадеме почит на загинатите , но и да ја потсетиме државата за правата што бранителтие ги немаат добиено.

Полициската станица во Теарце беше нападната половина час полноќ на 22 јануари од регионалнипот пат кој води до Јажинце.

(З.Д.)