Повеќе од 700 производители од струмичко и радовишко пријавиле вишок тутун од договореното – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 1:57 PM

Повеќе од 700 производители од струмичко и радовишко пријавиле вишок тутун од договореното

Околу 300 тутунопроизводители од струмичко досега пријавиле вишок килограми на произведен тутун од ланската реколта за кои немаат склучено договори со некоја од откупните компании. Откако министерството најави дека после 15 февруари ќе се откупува вишокот голем број земјоделци од овој регион се упатија во ПЕ на МЗШВ во да го пријават вишокот за кои според најавите од надлежните исто така ќе има субвенции.

Во поглед на количините речиси секој производител од струмичко пријавил над 200 килограми вишок тутун. Како што дознаваме одделни тутунари пријаувиле вишок и по еден тон . Вкупната бројка на произведен тутун кој не е покриен со договори со откупните компании во моментов изнесува над 300 тона во струмичко.

И во Радовиш тече пријавувањето на вишокот. Таму според информациите вишок тутун пријавиле околу 400 тутунари.

Пријавувањето на вишокот тутун ќе се врши до 15 февруари следниот месец во ПЕ или кај поверениците на откупните пунктови. Од сојузот на тутунарски здруженија ги повикуваат производителите да го пријават бидејки се очекува проценката на договорениот тутун да заврши најдоцна до 20 февруари.

За пријавување тутунарите треба да достават лични податоци ИДБР но и количината на вишок тутун.

Ване Трајков