Јосеф Бикан е историја. Кристијано Роналдо од вчера е историја и сегашност. Португалецот и официјално е најдобриот голгетер што некогаш фудбалската игра го видела.
Со голот против Наполи во финалето на Супер Купот на Италија и во победата од 2:0, Роналдо се искачи на врвот на најдобрите стрелци, забележвајќи го 760-от погодок во професионалната клупска и репрезентстивна кариера.
На самиот старт во Спортинг, „само“ пет голови. По 292 меча за Манчестер Јунајтед, Роналдо постигнува 118 голови. За Реал Мадрид – експлозија. На 438 дуели напаѓачот се запишува во листата на стрелци дури 450 пати. Во сегашниот тим Јувентус, Роналдо забележува 85 голови во 109 натпревари. За репрезентацијата на Португалија со која ја покори Европа во Франција, тој во 170 меча постигнува 102 погодоци.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ неодамна го престигна бразилскиот ас Пеле на вечната листа на стрелци, како и Ромарио, бразилскиот Роналдо и Лео Меси. Чешкиот фудбалер кој во триесеттите, четириесеттите и пеесеттите години од минатиот век ја погодил противничката мрежа 759 пати, Јосиф Бикан, претставуваше последна пречка на португалската легенда при искачувањето на врвот.
Голгетерски најефективна за Роналдо беше сезоната 2011/2021 во која постигна 69 голови.