Минувањето низ стресен период може да доведе до опаѓање на косата. Опаѓањето вообичаено се случува две недели по доживување на стресот, но може да поминат и два до три месеци. Обновувањето на косата пак, може да потрае и од 12 до 18 месеци.
Неизвесноста и прилагодувањето на неочекуваните случување не влијае само на психата, туку се манифестира и на косата.
„Косата расте во циклуси, а секој нејзин фоликул поминува низ 10 до 30 циклуси во текот на целиот живот на личноста. Бидејќи стрес-хормонот е вклучен во регулирањето на циклусот на фоликулите на косата, кога неговото ниво е екстремно покачено, постои забрзана транзиција на косата од фаза на анаген во телоген, што доведува до опаѓање на косата и истенчување на скалпот“, објаснува д-р Ивана Манола, специјалист по дерматологија и венерологија.
Доколку опаѓањето на косата трае повеќе месеци, треба да се направат лабараториски и биохемиски испитувања за да се исклучи недостаток на железо, цинк, болест на тироидната жлезда, недостаток на витамин Д и неухранетост како причини за овој проблем.
Она што исто така може да предизвика зголемено опаѓање на косата е нејзиното третирање со фен, пегла или фигаро.
Извор: 24sata.hr


