Опаѓањето на косата како реакција на стресот – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 12:00 AM

Опаѓањето на косата како реакција на стресот

Минувањето низ стресен период може да доведе до опаѓање на косата. Опаѓањето вообичаено се случува две недели по доживување на стресот, но може да поминат и два до три месеци. Обновувањето на косата пак, може да потрае и од 12 до 18 месеци.

Неизвесноста и прилагодувањето на неочекуваните случување не влијае само на психата, туку се манифестира и на косата.

„Косата расте во циклуси, а секој нејзин фоликул поминува низ 10 до 30 циклуси во текот на целиот живот на личноста. Бидејќи стрес-хормонот е вклучен во регулирањето на циклусот на фоликулите на косата, кога неговото ниво е екстремно покачено, постои забрзана транзиција на косата од фаза на анаген во телоген, што доведува до опаѓање на косата и истенчување на скалпот“, објаснува  д-р Ивана Манола, специјалист по дерматологија и венерологија.

Доколку опаѓањето на косата трае повеќе месеци, треба да се направат лабараториски и биохемиски испитувања за да се исклучи  недостаток на железо, цинк, болест на тироидната жлезда, недостаток на витамин Д и неухранетост како причини за овој проблем.

Она што исто така може да предизвика зголемено опаѓање на косата е нејзиното третирање со фен, пегла или фигаро.

 

Извор:     24sata.hr