Државите-членки на Европската унија денес постигнаа договор за меѓусебно признавање на антигенските тестови за коронавирус. Договорот би требало официјално да биде усвоен до утревечер, непосредно пред виртуелниот самит на ЕУ.
Брзите антигенски тестови се помалку веродостојни од ПЦР тестовите, но нивната предност е што резултатите се добиваат за помалку од половина час, пренесува Индекс. Европската комисија претходно препорача паралелно со ПЦР тестовите да се користат и брзи антигенски тестови, како алатка за борба против ширењето на вирусот.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ утревечер ќе одржат видео-конференција за епидемиолошката состојба и координацијата на напорите во борбата против пандемијата со коронавирусот
Извор: danas.rs