Турски полицијци стационирани во Србија спасија од смрзнување ненегални мигранти скриени под шлеперите – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/21 8:30 PM

Турски полицијци стационирани во Србија спасија од смрзнување ненегални мигранти скриени под шлеперите

Во рамките на проектот „Пат кон татковината“ на Дирекцијата на турската полиција, на граничните премини во Србија на должност се распоредени турски полицајци. Благодарение на нивната внимателност, спасени од под приколката на еден шлепер се четворица нерегуларни мигранти што биле пред смрзнување поради ниските температури, јавува „Анадолија“ (АА)

Во рамките на проектот што го спроведуваат Турција и Србија, претставниците на турската полиција распоредени се на должност на копнените гранични премини во Србија, при што од една страна им помагаат на турските иселеници во граничните процедури при нивното враќање во татковината, а од друга страна вложуваат напори да ги спречат нерегуларните миграции и патувањата со лажни документи.

Во тие рамки, турската полиција на Граничниот премин „Батровци“ ги забележа нерегуларните мигранти што планирале да ги минат граничните премини држејќи се за долниот дел од приколките на два шлепера на приватна турска компанија, што требало да преминат во Хрватска.

Мигрантите, двајца Мароканци и двајца Сомалијци, што се криеле под шлеперите, спасени се од смрзнување благодарение на вниманието на екипите.

По интервенција на брзата помош, мигрантите ѝ се предадени на српската полиција.

Се дознава дека турските возачи на камиони го продолжиле патот без да бидат казнети.