По Радуловиќ, утре ќе биде сослушана и актерката Ива Илинчиќ: Тврди дека и таа била жртва на Алексиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/21 8:25 PM

По Радуловиќ, утре ќе биде сослушана и актерката Ива Илинчиќ: Тврди дека и таа била жртва на Алексиќ

Младата актерка, Ива Илинчиќ која тврди дека исто така била жртва на професорот по глума, Мирослав Мика Алексиќ би требало да биде сослушана утре во Вишото јавно обвинителство во Белград. Актерката од Драмскиот театар во Белград, но и уште неколку други девојки кои го пријавија професорот во полиција, утре ќе го дадат својот исказ во Обвинителството. Ива претходно изјави дека се одлучила на ваков чекор, откако нејзината колешка Милена Радуловиќ јавно проговори дека била силувана.

-Пред една година првпат сама на себе си реков: „Не, Ива! Мика не те подготвуваше за актерство, ниту те третираше како актерка, туку те злоупотребуваше. Многу те злоупотребуваше и злоупотребувал многу други. И ќе продолжи. Нема да сопре никогаш – изјави актерката за Блиц.

-Кога се случи првпат си реков на себе: Мика ми е како татко, невозможно е да се случува ова и не се случува. А ако се случува, тогаш тој мене ме челичи и сака да ме подготви за суровиот свет на режисери, на продуценти. Го оправдував тоа, одбивав да прифатам и игнорирав. А потоа си признав на себе – додаде таа.

Инаку, Алексиќ  во понеделникот беше сослушан во обвинителството и тогаш го негираше делото, истакнувајќи дека не знае зошто го пријавиле девојките. Нему му е одреден притвор, а се товари за осум силувања и за седум кривични дела на недозволени полови дејствија извршени во периодот од 2008 до 2020 година.

Актерката Милена Радуловиќ која охрабри бројни девојки да го пријават Алексиќ денес даде изјава во Обвинителството, а сослушувањето траеше околу пет часа. Нејзините адвокати потоа истакнаа дека давањето исказ и’ паднало многу тешко.

 

Извор:  nova.rs