Во изминатата деценија во Хрватска бројот на жителите опаднал за околу 200.000 или приближно колку цел Сплит, вториот град по големина во земјата.Само Заграб има благ пораст на населението во цела Хрватска. Во изминатите десет години во него е зголемен бројот на жители за 17.000 и сега хрватскиот главен град има 807.000 жители. Во сите други региони има пад на населението, освен ако се изземе Истра, во која има скромен пораст од 1.000 луѓе, пренесува „Вечерњи,хр“.
Сисачко-мославачката жупанија изгубила 27.000 жители, Осиечко-барањската – 33.000, Приморско-горанската – 12.000, и близу до нула – со дефицит од околу 900 луѓе, е единствено туристички просперитетната Дубровничко-неретванската жупанија.
Хрватска се празни поради иселување, но и намален наталитет. На последниот ден од 2018 година имала 4.076.246 жители. Тоа е проценка на Државниот завод за статистика врз основа на податоците од пописот во 2011 година.


