Македонските ракометари со висок пораз и од Словенија на СП во Египет – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/21 5:09 PM

Македонските ракометари со висок пораз и од Словенија на СП во Египет

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз на првиот меч од втората фаза на Светското првенство во Египет. По тешките порази во првата фаза од Шведска и од Египет, и денес загубивме убедливо, овој пат од Словенија 21-31 (9-13).

Нашата репрезентација добро се држеше во првото полувреме. До прво водство Словенците дојдоа во 16’. Но, кон крајот на полувремето нашите како да застанаа. Девет минути не постигнаа гол, па на полувреме Словенците заминаа со предност од четири гола.

Од стартот на второто полувреме Словенците почнаа да го зголемуваат водството и на крајот да слават со десет гола разлика. Најефикасни во македонската селекција беа Лазаров со пет гола, Кузмановски со четири, Талески со три…

В петок од 15.30 часот Македонија игра со Русија, а в недела, исто од 15.30, со Белорусија.