Измените на законите за пасошите и за личните карти се усогласување согласно Уставот, каде се вппишува уставното име на државата. За да биде појасно законите во нашата земја во делот на етничката припадност и употребата на јазиците се јасни и тоа не е веќе опција во новите закони, дали граѓанинот ќе побара, помалку бројните етнички заедници, да го имаат на својот јазик пасошот или личната карта или не, туку дефинитивно тоа е закон и важи за сите.
Ова е одговорот од премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за Предлог-измените во законите за пасошите и личните карти, дали измените ќе важат за сите граѓани или само за оние што тоа ќе го побараат и дали етничката припадност ќе биде вметната и ќе важи за сите или само за оние што тоа ќе го побараат.
– Штом е граѓанинот од албанска етничка заедница, турска, влашка итн… ако побара секако на својот јазик, ќе го добие патниот документ на својот јазик. Тоа се измените, изјави Заев на денешната прес-конференција.
За политичкиот став по ова прашање, Заев потенцира дека веќе се имаат изјаснето уште при уставните промени и, како што рече, стоиме позади тоа.
– Дефинитивно МВР прави проекции колку тоа ќе ја чини државата, кои се постапките и процедурите за да можеме да навлеземе во поддршка на законски решенија, каде што на граѓаните од помалку бројните етнички заедници, во конкретниот случај од албанската етничка заедница, ќе може да им биде впишана и етничката припадност. Тука имаме договор заради тоа што македонската е впишана и дефинитивно немаме никакви дилеми во тој дел, изјави Заев.
Тој додаде дека тие се изјасниле, ги консултирале партнерите, ЕУ и сите засегнати страни и тоа е апсолутно, како што рече, во духот на слободата на определување, ние сме мултиетничка земја.
– Правиме разграничување на државјанството со етничката припадност. Државјанството останува онака како што е утврдено и по законите и по договорот од Преспа, тоа е македонско кроз граѓани на Републиак Северна Македонија, рече премиерот Заев.
МИА