Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евросонг – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/21 3:55 PM

Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Втора година по ред со прекрасен почеток и покана од МРТВ, вака се пофали Васил Гарванлиев, дека тој и оваа гоина ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Евровизија. МТВ, која е организатор на домашниот избор за евросонг, одлучи на Васил да му даде втора шанса, бидејки реално тој минатата година поради пандемијата немаше среќа да запее на евровизиската сцена.

-Ретко кој добива една, а не три шанси да го реализира својот сон. Во ‘19-та застанав гордо зад нашата Тамара, ‘20-та ја посветив на сите вас, но Ковид рече не! Во ‘21-та ја користам мојата животна приказна, за да ви го подарам срцето на дланка преку мојот глас, напипа Васил на својотФејсбук профил и додаде:

-Огромно благодарам до МРТВ која и понатаму верува во мене и ми ја дава одговорноста и можноста да бидам нашиот, македонски преставник годинава на Евровизија во Ротердам. Верувам. Ве сакам. Ќе пеам за сите вас ама и вие да запеете со мене! Со душа чекам да ги споделам со вас нашите планови како македонски тим за Евровизија 2021, напиша тој.

Шефицата на нашата евровизиска делегација, Мери Попова рече дека Васил реално немал шанса да запее на Евросонг и дека голем дел од државите веќе го повториле учеството на старите претставници, па затоа и одлучиле повтроно да му дадат шанса на Васил.

-Имавме колегиум и пренесов дека повеќето од земји си ги задржаа минатогодишните претставници и се согасвивме да му се даде на Васил шанса повторно, бидејки реално минатата година немаше избор.  Затоа оваа година одлуливме пак, но се разбира со нова песна. Пуштивме јавен оглас за песна, но и има некои, стандардно си пракаат ав торите. Ќе видиме  што ќе добиеме и според тоа што ќе избереме, ни рече Попова.

Најдоцна до 17 март треба да бидат предадени сите материјали, од готова аудио верзија на песна и спот, односно готов производ во ЕБУ,  до организаторот во Ротердам, Холандија, бидејки и оваа година, како и минатата ќе се одржи таму.