Фудбалерките на Бока Јуниорс се првите шампионки во ерата на професионалниот женски фудбал во Аргентина. „Лас Пибас“ го демолираа својот вечен ривал и непријател Ривер Плејт со 7:0.
За аргентинската јавност, победата на Бока, меѓудругото, одличен е показател за прогресот на женскиот фудбал како спорт на тоа тло и борбата за еднаквост пред очите на целата нација.
🎥 La premiación, desde adentro… #GladiadorasCampeonas🏆 pic.twitter.com/X2jNLZtINW
— Boca Jrs. Oficial (desde 🏡) (@BocaJrsOficial) January 20, 2021
Победата на женскиот тим на Бока Јуниорс е важна и од друг аспект. Големината на аргентинскиот тим се огледува и во фактот што машкиот тим на сино-жолтите е првиот тим во историјата на аргентинскиот професионален клупски фудбал кој ја има освоено титулата во 1931 година. Денес, женскиот тим на Бока влегува во историјата рамо до рамо победувајќи го Ривел на убедлив начин пред празната „Бомбоњера“.
Освоеното финале значи и директна квалификација за женската селекција на еден од најголемите светски фудбалски колективи на Копа Либертадорес.
Фото:
Тwitter / @Nicocantor1